Српската репрезентација во ватерполо го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз, откако ја совлада селекцијата на Хрватска со 13:11.
Натпреварот се одигра на последниот ден од ОИ во Нантер, северно предградие на Париз, во салата Ла Дефенс, која беше и место за пливачки натпревари.
Србија трет пат по ред го освои олимпискиот турнир во ватерполо, по златото во Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година.
Репрезентацијата ја доби првата четвртина со 5:2, а до крајот на натпреварот ниту еднаш не дозволи Хрватите да се доближат на гол разлика.
Видете и ова: Македонскиот маратонец Ивановски повреден ја заврши трката во ПаризНајдобар поединец кај победниците беше Милош Ќук со три гола, а три гола кај поразените постигна и Јерко Мариниќ Крагниќ.
Со ова, Србија ги завршува Олимписките игри во Париз со три златни, еден сребрен и еден бронзен медал. Хрватска освои две злата, две сребра и три бронзи.
Бронзениот медал во ватерполо го освои селекцијата на Соединетите Американски Држави, која по 8:8 во регуларното време со репрезентацијата на Унгарија беше подобра при изведувањето четворки, со резултат 3:0.
Игрите во главниот град на Франција завршуваат со свечена церемонија во вечерните часови на 11 август.
Следните летни Олимписки игри ќе се одржат во Лос Анџелес, САД, во 2028 година.