Американската гимнастичарка Џордан Чилс мора да го врати бронзениот медал што го освои на Олимписките игри во Париз, откако Судот за спортска арбитража изјави дека нејзините поени не биле правилно оценети. Оваа информација на 11 август ја соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Комитетот во неделата соопшти дека бронзениот медал ќе и го додели на Романката Ана Барбосу, откако Меѓународната федерација за гимнастика во саботата соопшти дека ќе ја почитува одлуката на судот и ќе ја рангира Барбосу на третото место.
Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека ќе биде во контакт со Олимпискиот и параолимпискиот комитет на Соединетите Држави за да го врати медалот и ќе работи со Романскиот олимписки комитет за да разговара за церемонијата која ќе се оддржи во чест на Барбосус.
Видете и ова:
Македонскиот маратонец Ивановски повреден ја заврши трката во Париз
Судот за спортска арбитража соопшти дека конечниот пласман треба да се прилагоди така што Барбосу е трета, додека романската гимнастичарка Сабрина Манека-Воинеа четврта, а Чилс петта.