Се врши идентификација на загинатите во авионската несреќа во Бразил

Тимовите за цивилна одбрана во Бразил цела ноќ работеа на извлекување на 62 тела на загинатите патници од авионот што се урна во петокот во Сао Паоло.

При авионската несреќа загинаа сите патници и членови на екипажот.

Гувернерот на Сан Паоло изјави дека телата на најмалку 21 лице се извлечени и сите се испратени во полициската мртовечница.

Регионалната авиокомпанија Воепас ( Voepass) соопшти дека во авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот, но во саботата компанијата соопшти дека вкупниот број на жртви е 62.

Видете и ова:

Тридневна жалост по авионската несреќа во Бразил, нема преживеани


„Положбата на мртвите тела, физичките карактеристики, документите и сите други работи, како телефони, се користат за идентификација“, изјави пожарникарката Мејкон Кристо која беше на терен веднаш по несреќата.

Роднините на жртвите заминале во Сао Паоло за да помогнат во идентификацијата.

Авионот се упатил од Каскавел кон Сао Паоло, а се урнал во градот Винедо, околу 80 километри северозападно од Сао Паоло.

Француско-италијанската компанија АТР, која е во сопственост на гигантите Ербас и Леононардо, е производител на типот на авионот што се урна. Оттаму за новинската агенција Ројтерс велат дека нивните специјалисти се „целосно ангажирани“ во истрагите поврзани со падот на авионот.