Новоизбраниот претседател на Иран повторно назначи функционер образован во САД, кој беше под санкции на Обединетите нации пред 16 години, за шеф на нуклеарниот оддел на земјата, објави државната телевизија на 10 август.
Мохамед Еслами (67) ќе продолжи со својата работа како шеф на цивилната нуклеарна програма на Иран но и како еден од неколкуте потпретседатели.
Видете и ова: Можната војна меѓу Иран и Израел го носи Блискиот Исток до „најопасниот момент“Повторното именување на Еслами од страна на новоизбраниот претседател Масуд Пезешкијан доаѓа во време кога Иран и понатаму е под тешки санкции од Западот по пропаѓањето на договорот од 2015 година, кој ги ограничи нуклеарните активности на Иран во замена за олеснување на санкциите.
Пезешкијан за време на неговата претседателска кампања рече дека ќе се обиде да го оживее нуклеарниот договор.