Тридневна жалост во Бразил поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице, прогласи бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера(9 август) доцна во ноќта во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани.
„Компанијата со жалење информира дека сите 61 лице на летот 2283 загинаа на местото на настанот“, се вели во соопштението на авионската компанија „Воепас“, ревидирајќи го бројот на загинати од првичната проценка од 62 загинати.
Видете и ова:
Осумнаесет загинати во авионска несреќа во Непал, преживеа само пилототВо авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот. Сите патници имале бразилски документи, изјавија претставници на авиокомпанијата.
„Засега нема информации што ја предизвикало несреќата, изјави извршниот директор на „Воепас“, Едуардо Буш на прес-конференција.
Градското собрание на Винхедо во петокот објави дека чека тим од бразилските воздухопловни сили ќе започне со истрага за причините за несреќата.