Спасена е повредена туристка од Чешка на Галичица

Спасена 68-годишна жена - турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица

Спасувачи доброволци и полицски пилоти спасија повредена 68-годишна жена - турист од Чешка во „меѓупростор“ додека го гаснеа пожарот на Галичица, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нивното соопштение во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, туристката од Чешка има скршеница на ногата.

Таа од Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасувачите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на Министерството за внатрешни работи (МВР) е транспортирана до најблиско место за давање соодветна специјализирана медицински третман.

Видете и ова: ЦУК: Девет активни пожари во земјата

Спасивачката акција се одвивала во меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што доброволнците од спасувачкото друштво и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, додаваат од ЦУК.

„Повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично се една недела цело време ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и за логистички за поткрепа на другите противпожарни сили“, соопшти ЦУК.

Спасувачите овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и дејствувaат како пожарникари на тешко пристапен планински терен.

„Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стават во хеликоптерот на МВР“, соопштија од ЦУК.

Жената била пренесена во охридската специјална болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасувачи повторно се вратил на терен со останати пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“ во борбата против огнената стихија.