Во последното деноноќие имало вкупно 40 пожари. Од нив, 25 се изгаснати, а 6 се ставени под контрола. Активни се 9 пожари, од кои два во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево - Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени пожарот во гевгелиското село Негорци, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур и кај одморалиштата на Пониква, каде гореше букова шума.
Видете и ова: (Не)казнивост за подметнувачите на шумски пожариЦУК информира дека под контрола се ставени и пожарите во Општина Македонски Брод, кај село Слатина, во Општина Пласница и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.