Две лица загинаа при делумно уривање на хотел во германскиот град Кроево, во западна Германија, соопштија властите во средата. Според официјални лица, германски државјани загинале, а уште две лица се под урнатините, пренесува Асошиетед Прес.
Акцијата за спасување е во тек. Хотелот се наоѓа на германската река Мозел во близина на поголемото одморалиште Трабен-Трабах. Четиринаесет лица престојувале во хотелот кога доцна синоќа се урнал еден кат, пренесува АП.
Денеска од урнатините се извлечени пет лица, меѓу кои и двегодишно дете, кое е неповредено.
Полицијата соопшти дека пет лица успеале неповредени да излезат од зградата бидејќи не биле во делот кој се урнал додека другите останале заробени.
„Мораме да продолжиме претпазливо бидејќи целата градежна структура е како куќа од карти. Ако извлечеме погрешна карта, оваа зграда сигурно ќе се урне“, рече Теушу.
Тој исто така рече дека причината за делумното уривање на хотелот се уште не е утврдена.
Според него, првобитната зграда на хотелот најверојатно датира од 17 век, но доградба имало околу 1980 година. Теушу објасни дека во хотелот се изведуваат градежни работи на 6 август, но не е јасно дали има врска меѓу таа работа и уривањето.
Во спасувачката операција учествувале 250 работници за итни случаи, меѓу кои и специјалисти за дронови, како и кучиња спасувачи. А властите евакуираа 21 лице од три згради лоцирани во близина на хотелот. Во моментот на делумното уривање гости на хотелот биле претежно Германци, освен едно холандско семејство.