Пет лица загинале во хеликоптерска несреќа во центарот на Непал. Меѓу загинатите се пилотот и четворица кинески патници.
Агенција Франс прес јавува дека хеликоптерот „Ер династија“ се движел од главниот град Катманду до Сјабрубеса, почетна точка за многу пешачки патеки популарни кај туристите.
Државната управа за цивилно воздухопловство соопшти дека хеликоптерот изгубил контакт три минути по полетувањето. Тие прецизираа дека хеликоптерот се урнал во областа Нувакот северно од главниот град.
„Сите пет лица во хеликоптерот, вклучително и пилотот, се мртви“, изјави за AФП портпаролот на полицијата Дан Бахадур Карки.
Службеникот задолжен за Нувакот, Рам Кришна Адикари рече дека телата на жртвите се извлечени од местото на несреќата.
Воздухопловната индустрија во Непал, како што пренесува АФП, е во пораст во последните години, но има недоволно развиени безбедносни услови поради слабата обука на персоналот и одржувањето.