Организацијата за човекови права „Провеа“ објави дека вкупно 24 лица загинале за време на протестите по претседателските избори во Венецуела на 28 јули, поради сериозни обвинувања за измами, јави ДПА.
„Провеа“ на социјалната мрежа „Х“ објави дека во најмалку девет случаи на убиства, вооружени провладини групи цивили, т.н. колективи, се идентификувани од сведоци како можни сторители.
Хјуман рајтс воч зборуваше и за „веродостојни извештаи за 24 смртни случаи“ во врска со протестите.
Во Венецуела во изминатите денови протестираа против изборните резултати за кои велат дека биле наместени.
Според владините изјави, досега се уапсени повеќе од 2000 луѓе како одговор на протестите.
Видете и ова: Записниците од Изборната комисија на Венецуела доставени за потврда до Врховниот судНационалниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,2 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 44,2 проценти.
Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати.
Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,19 отсто, а Мадуро 30,44 проценти од гласовите.