Почина новинарот Саше Димовски

Саше Димовски

По долги и тешки здравствени компликации, на 47 годишна возраст, почина новинарот Саше Димовски. Во јавноста беше познат како новинар кој долги години известуваше за случувањата во правосудниот систем во државата.

Покрај тоа, Димовски беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а од неодамна беше и именуван за член во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска-Давкова.

Работел во телевизиите Канал 5 и Сител, основач е на порталот svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.