Мицкоски на средба со Агелер, разговарале за зајакнување на билатералните односи

Архивска фотографија

Премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук објави дека денеска се сретнал со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.

Во кусиот ФБ статус Мицкоски објавува дека се разговарало за зајакнување на билатералните односи и стабилноста на земјата.

„Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области, напиша Мицкоски на фејсбук.

Видете и ова:

Мицкоски - Курти : Нема нарушени дипломатски односи, инцидентот на аеродромот ќе се расветли

Претходно во изјава дадена за медиумите Мицкоски ја обвини најголемата опозициска партија од албанскиот блок ДУИ дека од повеќе канали Владата дознала дека ова раководство на ДУИ во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата. Според тие информации,очекуваме тоа да се случи оваа есен, рече Мицкоски.

„Ние како влада имаме целосно право да ги браниме територијалниот суверенитет и интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни“, објави премиерот.