Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови на државата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималната од 27 до 37 степени.
„Претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. Во Скопје, сончево време со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени“, соопштуваат од УХМР.