Во српската фабрика „Крушик“ три лица се полесно повредени, соопшти компанијата

Фабриката „Крушик“ во Ваљево

Тројца работници се полесно повредени во фабриката „Крушик во Ваљево“, која се наоѓа на западот на Србија, соопшти компанијата.

„Настанот немал пошироки размери, со што е спречена поголема човечка и материјална штета“, велат од компанијата.

Српскиот нациоанален сервис РТС објави дека осум работници биле полесно повредени при експлозијата на мина, наведувајќи дека тоа им било потврдено во полициската управа во Ваљево.

РТС јави дека според информациите од Здравствениот дом во Ваљево, ниту еден од повредените работници не бил задржан во болница.

Од Министерството за внатрешни работи на прашање на Радио Слободна Европа за оваа несреќа велат дека адресата е Министерството за одбрана и фирмата „Крушик“, додека Министерството за одбрана соопшти дека компанијата дала соопштение.

Според медиумите, во моментот на експлозијата во фабриката имало 20 вработени. Надлежното обвинителство ја утврдува причината за експлозијата.