14-годишната Клара, девојка од скопската населба Илинден e пријавена за исчезната, а апел за нејзино пронаоѓање е објавен и кружи на социјалните мрежи.
Според информациите, таа излегла од дома на 2 август во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 сантиметри и има околу 56 килограми.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија исчезнувањето на Клара и соопштија дека таа имала здравствени проблеми, а како причина за оддалечувањето била претходна расправија со нејзината мајка.
„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.