Социјалната мрежа Инстаграм е блокирана во Турција втор ден, по обвинувањата за цензура испратени од висок турски функционер до американската платформа, пренесува Франс прес.
Директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун во средата го критикуваше Инстаграм, тврдејќи дека платформата ги спречува луѓето да објавуваат пораки со сочувство за „маченикот Исмаил Ханије“, шефот на Хамас.
„Ова е многу јасен обид за цензура“, рече Алтун на социјалната мрежа „Х“.
Турската Дирекција за информатички и комуникациски технологии (БТК) одлуката ја соопшти на својот портал, кој не даде никакво објаснување.
Одлуката за блокирање е објавена на веб-страницата на Управата. БТК во својата одлука се повикува на регулативата која дозволува блокирање на „криминална содржина“ без да дава детали.
Видете и ова: Убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, Хамнеи ветува одмазда„Нашата земја има вредности. И покрај нашите предупредувања, тие не зедоа предвид криминална содржина. Воведовме забрана за пристап. Кога ќе ги почитуваат нашите закони, забраната ќе биде укината“, рече турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу во петокот.
Опозициската партија ЦХП (социјалдемократи) и Ији парти (националисти) апелираа во петокот и побараа укинување на забраната за пристап.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи ден на жалост во спомен на Ханије, кој беше убиен во средата во Техеран во напад за кој беше обвинет Израел. Ханије често беше во Турција пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Ханије беше погребан во петокот во Катар, каде што живееше во егзил.
Според турските медиуми, Инстаграм има повеќе од 50 милиони корисници во Турција, земја со 85 милиони жители.
Турските власти привремено ги блокираа социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Х“ неколку пати во последниве години, обично по некои напади.