УХМР: Претпладне сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Илустрација

Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).