Судот во Молдавија одреди превентивен притвор за еден од двајцата осомничени приведени на 31 јули во случајот за предавство и заговор што доведе и до протерување на руски дипломат.
Станува збор за шефот на правниот оддел во Парламентот, Ион Креанга, ќе ги помине следните 30 дена во притвор.
Креанга и службеник на граничната полиција беа приведени кога агентите на молдавската разузнавачка и безбедносна служба (СИС) и на Обвинителството за борба против организираниот криминал и специјалните случаи (ПЦЦОКС) извршија рација и претреси во просториите на парламентот на 31 јули.
Тие се обвинети дека собирале и пренесувале информации кои им штетат на интересите на Молдавија на вработен во руската амбасада во Кишињев.
Судиите допрва треба да се произнесат по барањето на обвинителството и на второосомничениот да му одреди 30-дневен притвор. Според молдавскиот закон, осомничените можат да бидат притворени 72 часа без судски налог.
По апсењата, Министерството за надворешни работи на Молдавија на 1 август го повика рускиот амбасадор Олег Васнецов и го информираше дека вработен во руската амбасада во Кишињев е прогласен за персона нон грата и има 48 часа да ја напушти земјата.
Во соопштението на Министерството се вели дека потегот бил поттикнат од молдавските власти кои добиле „информации и докази“ кои докажуваат дека рускиот дипломат спроведувал „активности некомпатибилни со дипломатскиот статус на територијата на Молдавија“.
Ниту молдавската влада ниту Васнецов не го идентификуваа рускиот дипломат што треба да биде протеран. Но, дипломатски и разузнавачки извори за РСЕ изјавија дека тој е Дмитриј Келов, заменик воено аташе во амбасадата.
Руското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката на Молдавија „непријателски чекор“ и вети дека ќе возврати, без да даде детали.
„Најважно е сега да се погрижиме овој случај на предавство да биде казнет на најстрог начин според законот“, рече прозападната претседателка на Молдавија Маја Санду во интервју за молдавската телевизија Журнал доцна на 31 јули.
Санду, која дојде на власт во ноември 2020 година, откако го победи актуелниот претседател Игор Додон, поддржан од Москва, Молдавија, поранешна советска република, се обиде да го ограничи повеќедецениското сеприсутно влијание на Русија врз нејзината политика.
Минатата година во август, Молдавија протера 45 од 70-те руски дипломати од амбасадата во Кишињев, откако истрагата на медиумите откри дека зградата на амбасадата имала невообичаено голем број на антени инсталирани на нејзиниот покрив, за кои постои сомневање дека собирале информации за руските разузнавачки служби.
Сепак, и покрај големите протерувања, истрагата на РСЕ во септември 2023 година покажа дека најмалку двајца од преостанатите дипломати имаат врски со Федералната служба за безбедност (ФСБ), домашната разузнавачка агенција на Русија, додека други двајца се поврзани со адреси во Москва поврзани до управата за разузнавање на руската војска.
Од почетокот на неиспровоцираната агресија на Русија против Украина во февруари 2022 година, Молдавија цврсто застана на страната на Западот во осудата на инвазијата и смести десетици илјади украински бегалци.
Минатиот месец, Молдавија ги отвори пристапните преговори со Европската унија, откако заедно со Украина во јуни 2022 година и беше доделен статус на кандидат.