ЦУК: Девет активни пожари на непристапен терен

Илустрација

Вкупно 9 активни пожари „беснеат “ на македонската територија на 2 август. Од нив најтежок е пожарот на Осоговските планини кој што беснее на територијата на Општина Пробиштип, во атарот на селото Зеленград. Овој пожар се одвива на исклучително недостапен терен кој повеќе денови им задава главоболка на пожарникарите, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Денеска одлучивме да го нападнеме со концентриран број на хелихоптери. Во текот на утрово, но и во остатокот на денот овде ќе делуваме ос осум хелихоптери – 3 македонски (2 армиски и 1 полициски), 1 српски, 2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки“, изјави Ангелов.

Инфографика - Пожари на отворено за првата половина од 2024 година

Тој посочи дека силен неколкудневен пожари има и во атарот на селата Тажево и Брезница, кон Јасен, на тешко пристапен терен.

„Овде утрово го испративме да дејствува полицискиот хелихоптер, но и тимот од Унгарија кој пристигна како помош од странство со ЕУ механизмот, составен од 46 искусни пожарникари, од кои некои користат специјални возила со кои можат да се пробијат на најтешко пристапните места. Истотака од земја гасат и 50 припадници на Армијата со поддршка на локални пожарникари и месно население“, вели Ангелов.

Тој соопшти дека пред два часа пожари избил и во Охрид во атарот на селото Косел. Таму постои опасност пожарот да навлезе во борова шума. Од таа причина ЦУК пренасочи еден хелихоптер.

Видете и ова:

ЕУ одговори на македонското барање, испрати авиони и хеликоптери за справување со пожарите


„Тешко оди гасењето и на Илинска планина, иако го гасат ертрактори, а се интервенира и од земја“, изјави Ангелов.

Во Пробиштип има уште пожар, кадешто дејствува Армијата со локалното население. Во Пласница огнот е ставен во контрола, а пожарот во борова шума во Пехчево утрово е под целосно контрола и се работи на догаснување на огнените точки. Пожари има и на територијата на Скопје – во Зелениково и Љубанци.

Видете и ова:

(Не)казнивост за подметнувачите на шумски пожари

Од почетокот на годинава до сега Центарот за управување со кризи детектирал 2044 пожари од кои една третина се шумски. Нивните пресметки покажуваат дека во изминативе пет години во земјава настанале 800 шумски пожари во кои изгорела шума во вредност од над 55 милиони евра.

Пред два дена беше забележана и првата човечка жртва од пожарите, почина 75 годишен човек во кумановско село, кој најверојатно се задушил од чад. Во светиниколскиот крај беа опожарени четириесетина куќи, од кои дел напуштени.