Милад Биди, член на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција, e убиен во Бејрут во израелски воздушен напад на 30 јули, чија цел беше командантот на Хезболах, Фуад Шукр.
Потврдувајќи ја неговата смрт, командантот на Револуционерната гарда Хосеин Салами на 1 август го пофали Биди за „неговата борба против криминалниот и окупаторски ционистички режим“, нарекувајќи го Израел како непријател на Иран.
Биди е вториот член на гардата на Исламската република убиен во израелските напади по бомбардирањето на иранската амбасада во Дамаск на 1 април.
Видете и ова: Поранешниот израелски премиер Олмерт: „Мирот не е на дневен ред“ по убиството на лидерот на ХамасВо нападот загинаа седум членови на гардата, вклучително и двајца генерали, а Иран возврати неколку дена подоцна со истрелување на беспилотни летала и проектили кон Израел.
Шукр и Биди беа убиени неколку часа пред да биде убиен Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас - палестинската група означена како терористичка организација од САД и ЕУ.
Иран и неговите регионални сојузници го обвинија Израел за неговото убиство, а иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека Иран „има должност“ да се одмазди за убиството на лидерот на Хамас.
Најмалку 20 членови на иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда се убиени во нападите наводно извршени од Израел во Сирија и Либан, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, односно од октомври минатата година.