Палестински затвореници мачени и малтретирани во израелските затвори

илустрација

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) објави извештај во кој се тврди дека палестинските затвореници во израелските затвори се мачени и малтретирани.

Во извештајот се наведува дека во израелските затвори има повеќе од 9400 затвореници, од кои некои се држат во тајност, без пристап до адвокати и без почитување на нивните законски права, како и дека многумина се изложени на електрошокови, забрана за спиење и други форми на тортура и лошо постапување.

Извештајот, што се темели на интервјуа со поранешни затвореници и други извори, го осудува „неверојатниот број на затвореници“, вклучувајќи мажи, жени, деца, новинари и бранители на човекови права... заклучувајќи дека таквите практики предизвикуваат загриженост за политиката на произволно притворање.

„Сведоштвата собрани од мојата Канцеларија укажуваат на низа ужасни дејствија, како што се мачење со вода и пуштање кучиња врз затворениците, што се примери на флагрантно кршење на меѓународното право, човековите права и меѓународното хуманитарно право,“ рече претседателот на ОХЦХР, Волкер Турк.

Видете и ова: Долги судења и мизерен надомест: слична судбина на жртвите од воени силувања

Наодите од извештајот би можеле да ги користат обвинителите на Меѓународниот кривичен суд кои ги истражуваат злосторствата извршени во врска со нападите од Хамас (организација која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка) на 7 октомври и нивните последици, вклучително и израелската воена кампања во Газа.