Маријана Илиевска е избрана за членка на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.
Како што информираат за МИА од Советот, обвинителката која доаѓа од Основното јавно обвинителство Прилеп добила 19 гласови од исто толку гласачи.
Таа била единствена пријавена кандидатка која воедно и ги исполнувала условите за избор.
Инаку власта најави дека размислува за укинување на Советот за јавни обвинители како и на Судскиот совет и нивна целосна замена.
Видете и ова: Агелер: Секоја реформа во правосудството внимателно да се спроведуваВнимателно треба да се прави секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем, порача американската амбасадорка Анџела Агелер.
Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Слободна Европа порача дека треба радикална акција во судството но мора да се внимава да не ја пречекоруваме поделбата на власта, како што се, извршната и судската власт.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека моделот на судски реформи којшто го предложи власта е подготвена да разговара за него и да слушне и друг модел, но не може повеќе како генерација да живее во држава во која правосудниот систем има доверба кај граѓаните од два проценти.