Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.
За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика.
Граѓаните ќе добиваат субвенции заклучно со јулската сметка, а веќе во августовската тие нема да ги има, објави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Видете и ова: АД ЕСМ започна со санација на цевководот на мостот „Беласица“Топланите се должни да им испорачаат на граѓаните топлина од 21 степен.
Бислимоски апелираше ЕСМ што побрзо да го инсталира цевководот на мостот Беласица, бидејќи топлинската енергија која ја произведува Те-То е поевтина од топланите.
Околу 63 000 домаќинства во Скопје се греат на парно.