Едно лице загина во судир на Скадарско Езеро, седуммина се повредени, објави на 28 јули на мрежата X министерот за поморство на Црна Гора Филип Радуловиќ.
„Судирот на три пловни објекти во Жабљак, Црнојевиќ, кога едно лице загина, а неколку други беа повредени, не предупредува на бројни проблеми“, најави Радуловиќ.
Тој додаде дека Црна Гора почнала да подготвува нови закони за безбедност на поморската пловидба и внатрешните води и дека Владата ќе ангажира повеќе инспектори за контрола на спроведувањето на прописите.
Видете и ова: Во Црна Гора e уапсена руска државјанка, која во Италија имала статус на бегалецРадио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ) јави дека Вишото државно обвинителство во Подгорица му одредило притвор до 72 часа на П.Д., кој беше уапсен за несреќата на Скадарското езеро што се случи на 27 јули, нешто по 22 часот.
РТЦГ наведува дека П.Д. е осомничен за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.