Белгија затвори тројца Чеченци под обвинение за тероризам

Илустрација

Белгиски судија нареди тројца Чеченци да бидат затворени поради обвиненија поврзани со тероризам, а еден ден подоцна полицијата започна рации низ целата земја поради страв од можен напад.

Вкупно шест лица се појавија пред судијата на 26 јули.

Обвинителите изјавија дека судијата утврдил дека тројцата се осомничени членови на огранокот на екстремистичката група Исламска држава, позната како Исламска држава Хорасан.

Видете и ова: Американските бази во Европа се подготвуваат за потенцијален терористички напад

Полициските рации на 25 јули беа извршени во Брисел и во четири други големи градови, под судски налози.

Земјата беше погодена од самоубиствени бомбашки напади на главниот аеродром и во системот на метрото во 2016 година, во напади во кои загинаа 32 лица, а стотици беа ранети.