Тајфунот Гаеми го погоди Тајван, тројца загинати и стотици повредени

илустрација

Тајфунот Гаеми усмртил три лица во Тајван, а властите ја продолжуваат потрагата по деветте членови од екипажот на вчера потонатиот брод во близина на јужниот брег на островот.

При налетот на тајфунот стотици луѓе биле повредени.

Поради тоа и денеска училиштата и институциите ќе бидат затворени. Над 8000 луѓе се евакуирани, а околу 200 летови се откажани.

Тајфунот Гаеми се очекува денеска (25 јули) да ја погоди кинеската провинција Фуџијан.

Додека во главниот град на Филипини, Манила поради тајфунот вчера е прогласена вонредна состојба.