Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска (24 јули) потпиша декрет за преименување на „Плоштадот на Европа“, кој се наоѓа во центарот на градот, во „Плоштад на Евроазија“.
Плоштадот беше отворен во 2002 година како дел од руско-белгискиот проект кој го симболизира европското единство.
Државните знамиња на 48 европски земји се вееја на плоштадот до март 2023, кога беа отстранети без никакво објаснување.
Видете и ова: Руски разузнавач наводно е ранет во експлозија во МоскваНа плоштадот има и споменик на белгискиот скулптор Оливие Штребел, а во негова близина во 2006 година беше отворен и Европскиот трговски центар.
Засега не се знае дали и споменикот ќе биде отстранет.