Избрани замениците на министрите во новата Влада

Северна Македонија, Влада

Собранието ги изгласа замениците министри во новата Влада, со 76 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани.

За заменик-министер за одбрана е избрана Елфет Исмаили, кој е дипломиран економист. Таа од 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на Северна Македонија при НАТО во Брисел.

За заменик-министер за внатрешни работи е избран Астрит Исеини кој завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на науки по кинезиологија.

За заменик-министер за правда е избран Ален Деребан, кој од 2014 година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.

Видете и ова: Партиите против закон за „победник со победник“ по калап на Ахмети

За заменик-министер за односи со заедници е избран Неждeт Мустафа, дипломиран професор по филозофија. Бил градоначалник на Шуто Оризари.

За заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија е избран Зоран Димитровски, кој беше новинар и главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година е избран за заменик-министер за локална самоуправа.

За заменик-министер за европски прашања е избрана Викторија Трајков која е вработена во Министерството за надворешни работи.

За заменик-министер за финансии е избран Николче Јанкуловски во моментов редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

За заменик-министер за економија и труд е избран Марјан Ристески кој беше градоначалник на Општина Прилеп.

За заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини е избран Мирослав Лабудовиќ, кој е менаџер на инженеринг во корпорацијата Теламон.

Видете и ова: Ни новиот премиер не им ги остава лопатите на градоначалниците

За заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Флакрон Беџети, професор по политички науки на Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје.

За заменик-министер за здравство е избран Јовица Андовски, кој на оваа функција беше од 2011 до 2017 година.

За заменик-министер за образование и наука е избран Лулзим Алиу, доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор на Педагошки факултет.

За заменик-министер за социјална политика, демографија и млади е избран Ѓоко Велковски, кој во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година беше и советник во Советот на Општина Чаир.

За заменик-министер за локална самоуправа е избран Ерџан Селими, магистер по политички науки. Тој бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, и советник во Советот на Град Скопје.

За заменик-министер за култура и туризам е избран Седат Сулејмани кој завршил Педагошка теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик-министер за култура, а е вработен во Општина Тетово.

За заменик-министер за дигитална трансформација е избран Радослав Настасијевиќ Варџиски, работи во Општина Куманово.

За заменик-министер за јавна администрација е избран Лазе Јаќимоски, вонреден професор на Правен факултет – Кичево при Универзитет Св. „Климент Охридски“ Битола. За заменик-министер за транспорт е избрана Калтрина Зеколи Шаќири која е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот „Мајка Тереза“, Факултет за социјални науки.

За заменик-министер за животна средина и просторно планирање е избрана Ане Лашкоска, повеќе години беше пратеник во Собранието.
За заменик-министер за спорт е избрана Сафије Садики Шаини - инженер по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година.