Германското здружение на истражувачки новинари „Netzwerk Recherche“ објави дека Хуберт Сајпел повеќе не е член на здружението.
Ваквата одлука е донесена откако било потврдено дека влијателниот новинар и автор добил пари од Москва за да пишува пофални книги за рускиот претседател Владимир Путин.
Видете и ова: Московскиот суд во отсуство ја осуди руско - американската новинарка Маша Гесен на 8 години затворЗаедничката истрага на германскиот јавен радиодифузер ZDF во ноември 2023 година откри дека Сајпел, кој го интервјуирал Путин и напишал две книги за него, добил 600.000 евра од олигархот поврзан со Кремљ, Алексеј Мордашов.
„Со своето однесување, Зајпел ги прекрши основните правила на независното новинарство и нанесе огромна штета на угледот на нашата професија“, изјави за ЗДФ претседателот на „Netzwerk Recherche“, Даниел Дрепер.