Германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот (19 јули) ги повика граѓаните да застанат во одбрана на демократијата и слободата, за време на комеморацијата на 80-годишнината од обидот за атентат врз нацистичкиот лидер Адолф Хитлер
„Обидот за пуч на 20 јули 1944 година не успеа. Обединувачките цели на отпорот не завршија“, рече Шолц на меморијалната церемонија во Берлин.
Таму, заедно со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер положија венци во спомен на оние кои учествуваа во обидот за државен удар против нацистичката диктатура.
Офицерите на германската армија предводени од Клаус фон Штауфенбергер неуспешно се обиделе да го убијат Хитлер со бомба, со цел да го соборат нацистичкиот режим и да ја завршат Втората светска војна. Обидот за атентат се случи во Бендлерблок во Берлин, воен комплекс во кој сега се наоѓа Меморијалниот центар на германскиот отпор.
Германскиот канцелар Олаф Шолц со лидерот на партијата ЦДУ Фридрих Мерц на комеморацијата на 80-годишнината од неуспешниот обид за атентат врз Хитлер на 20 јули 1944 година во Берлин.
Во својот говор, Шолц рече дека државниот удар против Хитлер докажал дека е можна алтернатива на нацистичката диктатура и подобра Германија.
„Отпорот беше потсетник да се остане непоколеблив пред историјата“, додаде канцеларот.
„За да ја одиграат својата улога, граѓаните на модерна демократска Германија повеќе не мора да се обидуваат да прават опасни дејствија како што е атентат на диктатор. Без разлика на тоа, тие мора да се приклучат на демократските процеси и да се спротивстават на омразата и екстремизмот“, порача Шолц.
Штајнмаер, исто така, ги повика Германците да ја „заштитат демократијата“ во чест на оние кои ги дадоа своите животи за да му се спротивстават на Хитлер.
„Отпорот кон националсоцијализмот беше неопходен бидејќи вајмарската демократија ја немаше потребната поддршка“, рече претседателот, мислејќи на краткотрајната демократска република од 1919-1933 година, која беше срушена од нацистите.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер зборува по повод 80-годишнината од обидот за атентат на Хитлер.
Штајнмаер рече дека омразата не треба да ги кочи граѓаните.
„Насилството ја уништува демократијата“, рече тој.
Германскиот претседател им оддаде почит на припадниците на отпорот на Хитлер, велејќи дека Штауфенбергер и неговите соучесници не се „беспрекорни херои“, туку луѓе „кои ја направиле вистинската работа во вистинско време под голем ризик за себе и за своите семејства“.
Денеска (20 јули), во агендата Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус е и церемонија на полагање заклетва на речиси 400 регрути на германските вооружени сили.