Три лица се уапсени во Шпанија поради обвинение за учество во сајбер напади од страна на пруруска група, соопшти шпанската полиција на 20 јули.
Нападите биле насочени кон јавни институции и стратешки сектори во Шпанија и други земји-членки на НАТО.
Цел на хакерите беа земји кои ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската инвазија.
Видете и ова:
Голем технички дефект предизвика светски проблемТрите лица се уапсени за „компјутерски прекршоци со терористичка намера“ поради низа напади „благодарение“ на кои веб-страници и други мрежните ресурси на Интернет станале недостапни. Тоа го правеле на тој начин што ги преплавувале сајтовите и мрежите со злонамерен сообраќај.
Во соопштението од шпанската полиција се наведува дека нападите биле „организирани од хакерската група поврзана со Русија, наречена ’NoName057(16)’“.
Повеќе детали не се наведени во соопштението.