Во утринските часови на 20 јули руските сили продолжија со нападите со беспилотни летала и проектили насочени кон украинската енергетска инфраструктура.
Гувернерот на регионот Харкив, Олег Синјехубов, изјави дека ракетите „Искандер“ убиле две лица, а раниле три во источниот регион.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивната воздушна одбрана соборила 13 од 17 руски беспилотни летала низ пет региони. Но, официјални претставници од регионите Суми и Чернихив известија дека дроновите Шахед погодиле и оштетиле енергетски објекти на северните територии.
Државната енергетска компанија „Укренерго“ објави дека е погоден и енергетски објект во централниот регион Полтава. Оттаму соопштија дека поради нападите привремено била прекината електричната енергија за индустриите и домаќинствата во Полтава и Чернихив.
Видете и ова:
Зеленски му честиташе на Трамп за номинацијата и се согласи на средбаРегионалната воена управа во Суми, пак, соопшти дека бил нападната енергетска инфраструктура во областа Конотоп.
Од пролета, украинските енергетски капацитети се честа мета на руските сили.
Еден од поголемите напади беше во текот на ноќта и утрото на 8 мај, кога Министерството за енергетика објави дека била нападната инфраструктурата за производство и пренос на електрична енергија во шест региони. По овој напад, поради недостаток на електрична енергија, државната „Укренерго“ воведи рестрикции во снабдувањето со струја за индустријата и бизнисот, а предупреди дека не се исклучува во иднина да има рестрикции и за домаќинствата.