Вооружен маж во петокот (19 јули) застрела и уби поранешена пратеничка во украинскиот парламент позната по кампањите за промовирање на украинскиот јазик.
Ирина Фарион (60) била погодена во главата на улица во западниот град Лвов. Откако беше пренесена во болница, таа им подлегна на повреди, потврди регионалниот гувернер во Лавов, Максим Козицкиј, во објава на Телеграм.
Наталија Матолинец, шефица на службата за анестезиологија во Првата медицинска асоцијација во Лавов, изјави дека Фарион била донесена во болницата во критична состојба „со тешка прострелна рана во главата“.
Видете и ова:
Американски новинар осуден во Русија на 16 години затворВеднаш била оперирана, а потоа префрлена на одделот за интензивна нега, но нејзиното срце не можело да издржи, посочи Матолинец.
„За жал, и покрај сите напори на лекарите, и покрај сите обиди за реанимација, животот на Ирина Фарион не можеше да се спаси“, рече Матолинец.
Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, изјави дека пукањето се третира како обид за атентат. Полицијата започна потрага по напаѓачот.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека добива редовни извештаи за напорите на украинските сили да го фатат осомничениот. Тој порача дека секој чин на насилство е за осуда.
Фарион, која по професија е лингвист, стана член на националистичката партија Свобода (Слобода) во 2005 година и беше избрана за пратеничка во парламентот во 2012 година, но не успеа во последователните обиди да биде реизбрана.
Таа се здоби со слава поради честите кампањи за промовирање на украинскиот јазик и дискредитација на јавните службеници кои зборуваат руски.
Видете и ова:
Германија ќе обезбеди 10 милиони евра за реконструкција на најголемата детска болница во УкраинаНекои критичари ги сметаа ставовите на Фарион како радикални, а некои нејзини изјави предизвикаа контроверзии. Во 2018 година, кога Украина се бореше со сепаратистите финансирани од Русија кои зазедоа територии на истокот на земјата, таа повика „секое лице што зборува руски, да се удри со тупаница во вилицата“.
Поради нејзините контроверзни изјави, во 2023 година, таа беше отпуштена како професорка на Катедрата за украински јазик на Институтот за хуманистички и општествени науки на Политехничкиот универзитет во Лвов.
На крајот на мај, Апелациониот суд во Лвов донесе одлука таа да се врати на работа како професорка.