Најмалку 16 луѓе загинаа во пожар во Кина

илустрација

Најмалку 16 лица загинале во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.

Пожарот избувнал во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јави новинската агенција Синхуа.

Според кинеската државна телевизија, пожарот бил изгаснат во раните утрински часови.

Прелиминарната истрага покажала дека пожарот настанал од градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на точната причина за пожарот.