Курти го оцени пописот на населението во Косово како успешен

илустрација

Косовскиот премиер, Албин Курти го оцени како успешен годинешниот попис на населението на денешната средба со вршителот на должноста директор на Агенцијата за статистики на Косово (АКС), Авни Кастрати, јави МИА.

Според соопштението на владината служба за информирање, на средбата, на која присуствувале и шефот на кабинетот, Љуан Далипи и советникот на Курти, Љулезон Јагџиу, премиерот изразил благодарност до Кастрати и неговиот тим за успешниот процес на „Пописот на населението, домаќинствата и становите 2024“.

Видете и ова: Косовската агенција за статистика: И Србите на северот се попишуваат

„Тој истакна дека посветеноста и професионалната работа на АКС биле суштински во соочувањето со предизвиците и реализацијата на овој проект од национално значење. Премиерот особено се заблагодари за одличната соработка, континуираната и отворена комуникација, како и за ефективната координација што ја водеа оваа иницијатива кон нејзината реализација“, се наведува во владиното соопштение.

Пописот на населението траеше повеќе од еден месец, во април и мај годинава.

Според прелиминарните податоци, Косово има 1 586 659 резидентни жители.