Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14:06 часот со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
„Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат од таму.