Тројца од вкупно четворицата малолетници кои во петокот беа донесени на Клиниката за токсикологија ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи параметрите се задоволителни, а едниот ќе остане на дополнителни испитувања, изјави директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев за Македонската информативна агенција МИА.
Четирите малолетници од кои двајца во бесознание беа пронајдени во куќата на 40-годишник и донесени на Клиниката за токсикологија. По извршените испитувања беше утврдено присуство на психоактивни супстанци.
Основното јавно обвинителство - Скопје во саботата на 13 јули информираше дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишникот, кој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето.
Видете и ова: Обвинителство бара притвор за скопјанецот кој им дал седативи на четворицата малолетнициСпоред Обвинителството, осомничениот со децата консумирал алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица и ги оставил во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал.
Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта во четвртокот пристигнале во куќата на 40-годишниот Д.Ѓ. во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица.
Видете и ова: Приведен скопјанецот каде што беа пронајдени малолетници во бессознаниеЧетириесегодишникот е приведен и ги потврдил исказите од малолетните лица. Тој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.
„Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале и при тоа се здобиле со повреди“, информираа од СВР Скопје.