Полицијата во Кенија уапси сериски убиец, фрлил тела на 42 жени во депонија

Волонтери го извлекуваат телото на неидентификувано лице од депонија во Најроби, Кенија, на 12 јули 2024 година.

Кениската полиција во понеделникот (15 јули) уапси “сериски убиец“ кој призна дека убил 42 жени, откако во депонија во Најроби беа пронајдени девет осакатени тела.

Колинс Џумаиси Халуша (33) е уапсен откако „признал дека намамил и убил 42 жени, а потоа ги фрлил нивните тела во депонија“, изјави полициски функционер, пишува Агенцијата Франс Прес.

Осомничениот бил уапсен пред кафеана, каде дошол да го гледа финалето на Европското фудбалско првенство.

„Имаме работа со сериски убиец, убиец, за кого човечкиот живот не значи ништо“, рече началникот на Управата за криминалистичка полиција.

Осомничениот бил пронајден по анализа на мобилниот телефон на една од жртвите.

Во моментот на апсењето подготвувал уште едно убиство.