Московскиот суд на 15 јули ја осуди руско-американската новинарка, писателка и отворена критичарка на Кремљ, Маша Гесен на осум години затвор под обвинение за дистрибуција на „лажни“ информации за руската војска.
Обвинението произлезе од интервјуто на Гесен со рускиот новинар Јуриј Дуд за наводните злосторства извршени од руските војници врз цивилите во Украина. Во декември, руското Министерство за внатрешни работи ја додаде Гесен на листата на барани лица. Гасен веќе подолго време не живее во Русија.
Видете и ова: Mедиумски организации од САД го повикуваат Бајден да ја прогласи Курмашева за „неправедно притворена“Маша Гесен е новинарка и писателка, вклучително и авторка на книга за Владимир Путин, која стана многу популарна во САД и другите западни земји, и е писателка за американското списание Њујоркер. Гесен ја водеше руската служба на РСЕ во 2012-2013 година.