На 53 годишна возраст почина американската актерка Шенон Доерти, позната по улогата на средношколката Бренда Волш во телевизиската хит серија од раните 1990-те „Беверли Хилс, 90210“, објави во неделата магазинот „People“.
„Со тешко срце ја потврдувам веста за смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата на 13 јули таа ја загуби битката со ракот по долга борба со болеста“, ја цитира магазинот агентката на актерката, Лесли Слоун.
Доерти јавно проговори за нејзината битка со ракот на дојката во 2015 година. По неколку години битка со ракот, тој повторно се вратил во 2019 година, а вече во 2023 година се проширил и на мозокот по што повторно била подложна на хемотерапија.
Видете и ова: Сара Климоска: Вратата на Европа е подзатворена за ѕвезди од БалканотДоерти е родена во Мемфис, Тенеси, на 12 април 1971 година, а почнала да глуми уште како дете. На 11-годишна возраст ја играла Џени Вајлдер во последната сезона на ТВ класиката „Малата куќа во преријата“. Во 1988 година добила улога во мрачната комедија „Хедерс“, која стана култна класика. Покрај сериите, Шенон глумеше и во филмови како „Смртоносна привлечност“ и, „Девојките само сакаат да се забавуваат“.