Таравари: Комисија ќе го разгледува случајот со тримесечното бебе

министерот за здравство Арбен Таравари

За случајот со траги на насилство на телото на тримесечно бебе, министерот за здравство Арбен Тарвари најави дека веднаш ќе преземе мерки, меѓу кои и специјална комисија која детално ќе го анализира случајот. Станува збор за сторија на порталот „ИКС“ во која семејството на три месечното бебе тврди дека модринките на нивното бебе настале во детската клиника откако со него лошо се однесувала медицинска сестра затоа што не можела да се разбера со семејството на албански јазик.

Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски. Тој додаде дека ако се покаже нивното тврдење точно, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена.

Видете и ова:

Нема Клинички центар како во Словенија со партизација од портир до директор

„Јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети“, напиша Таравари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки.

„Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите“, рече Таравари.