Кремљ ги отфрла обвинувањата дека Русија планирала да го убие шефот на германска компанија за оружје

Иуистрација

Медиумските извештаи дека Русија планирала да го убие извршниот директор на германскиот производител на оружје Рајнметал се засновани на „лажни“ информации од анонимни извори, соопшти во петокот Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека тие не содржат „сериозна документација“ и затоа „не може да се сфатат сериозно“, пренесува Ројтерс.

Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс во четвртокот објавија дека американските разузнавачки агенции откриле дека Русија подготвува атентат на главниот извршен директор на Рајнметал, кој произведува артилериски гранати и воени возила за Украина.

Во своето известување, Си-Ен-Ен се повика на пет неименувани американски и западни функционери и наведе дека САД ја информирале Германија, чии безбедносни служби можеле да го заштитат Папергер.

Видете и ова: Руска историја на сомнителни авионски несреќи

Берлин многу сериозно ги сфаќа извештаите за заговор за атентат врз главниот извршен директор на производителот на оружје Рајнметал и нема да биде исплашен од руското заплашување, соопшти во петокот германската влада.

„Нема да дозволиме Русија да не заплаши и ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ги спречиме руските закани во Германија“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Од Рајнметал директно не ги потврдуваат извештаите, но во соопштението наведуваат дека секогаш ги преземаат неопходните мерки за безбедност, со редовни консултации со надлежните.