Дваесет и деветгодишната Б.И. од Тетово и поранешна економска директорка на Универзитетската клиника за токсикологија доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавата е поднесена од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција.
Според пријавата таа ги пречекорила своите службени овластувања и на 15 лица ретроактивно им исплаќала плати за да им овозможи противправна имотна корист.
Од МВР посочуваат дека наведените исплати се извршени противправно, за период кога со истите лица клиниката немала склучено договори за дело и за период на избори, односно исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23.334 денари за месец април и 42.647 денари за месец мај 2024 година, со што пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659.781 денари.
„Имено пријавената Б.И., иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори, како и дека согласно член чл.34 ст. 1 алинеа 3 од Закон за спречување корупција и судир на интереси, член чл.8а ст.1 алинеа 3 од Изборниот законик, како и член чл.109 ст. 2 од Закон за здравствена заштита, таа не смее да склучува договори за вработување на лица, договори за дело на работно ангажирање на лица, како и вонредни исплати за време на избори, и дека истите за да бидат употребени во правен промет задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело“, се наведува меѓудругото во соопштението од МВР.
Видете и ова:
Повторно спорни договорите за вработување на 18 луѓе на ТоксикологијаИсто така, на Б.И. и било познато дека од страна на в.д. медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија на 28.03.2024 година се известени сите работници на Клиниката чии договори се истечени дека нивните обврски со Клиниката се завршени, се до нивно повторно ангажирање, согласно забраните предвидени во член од Изборниот законик, но и покрај тоа 11 здравствени работници со знаење на пријавената и без склучен договор за вработување или договор на дело, продолжиле да доаѓаат на работа во Универзитетска клиника за токсикологија.
Б. И. за организациска директорка беше назначена на 14 февруари, од страна на поранешниот министер Илир Демири. Нејзиното директорување беше проследено со скандали.