Нови директори добија три клиники и Градската болница

Клинички центар „Мајка Тереза“

Тројца нови директори од денеска се именувани на клиники кои се дел од комплексот клиники „Мајка Тереза“, а четвртиот директор е назначен на Градската општа болница „8 Септември“.

Клиниката за детски болести, Универзитетска клиника за дигестивна хирургија и Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија добија нови вршители на должност директор.

На детски болести е педијатарот Реџеп Мемеди кој доаѓа на местото на досегашната директорка Валентина Цвејоска-Чолаковска.
На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за в.д. директор е поставен д-р Огнен Костовски.Доктор Оливер Зафировски е назначен за в.д. директор на Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, кој ќе го замени досегашниот директор Дејан Докиќ.

Видете и ова: Нема Клинички центар како во Словенија со партизација од портир до директор

Во Градската општа болница „8 Септември“ за директор е именуван д-р Синиша Стојаноски кој доаѓа на местото на досегашниот Христијан Костов.

Сите се назначени од министерот за здравство Арбен Таравари.
Претходно беа променети директорката на гинекологија, на клиниката за уво нос и грло, за дерматологија на институт за радиологија и на ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања.