Најмалку 12 лица загинаа, а 18 се водат за исчезнати откако силен дожд предизвика лизгање на земјиштето во илегален рудник за злато на индонезискиот остров Сулавеси во текот на викендот, соопштија официјални лица, според Ројтерс.
Во свлечиштето загинаа рудари и жители кои живеат во близина на дивиот рудник во неделата наутро, изјави шефот на локалната агенција за спасување. Тој додаде дека петмина преживеани се евакуирани, а спасувачката екипа трага по 18 исчезнати лица.
„Распоредивме 164 спасувачи, членови на националниот тим за спасување, полиција и воен персонал во потрага по исчезнатите“, рече шефот на локалната агенција за спасување.
Спасувачите треба да пешачат околу 20 километри за да стигнат до местото на одронот, а ги попречува густата кал на патот и постојаниот дожд во областа.
„Ќе се обидеме да го користиме багерот кога е можно“, рече тој.
Видете и ова: Најмалку 19 загинаа при лизгање на земјиштето во ИндонезијаФотографиите од погоденото село покажуваат дека лизгањето на земјиштето срамнило некои куќи, а индонезиската агенција за управување со катастрофи (БНПБ) соопшти дека оштетила неколку куќи и еден мост.
Во лизгање на земјиштето во Јужен Сулавеси, предизвикано од обилни дождови, загинаа најмалку 18 луѓе во април, додека во мај бурните дождови кои предизвикаа поројни поплави и лизгање на земјиштето убиле повеќе од 50 луѓе во индонезиската провинција Западна Суматра.
БНПБ, исто така, ги предупредува жителите дека во понеделник и вторник (8 и 9 јули) во некои области сè уште се очекуваат врнежи од дожд и ги повикуваат да бидат внимателни во случај на нова катастрофа.