Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се врати од посетата на Москва, сега можеби е на пат за Пекинг, објави на 7 јули еден унгарски портал, иако владата во Будимпешта не ги потврди овие наводи.
Унгарскиот информативен портал 444.hu објави дека страниците за следење покажале дека авионот на унгарската влада „Dassault Falcon 7X“ заминал од Будимпешта за Пекинг.
Видете и ова: Борел: На самитот на туркофонски земји Орбан ја претставува Унгарија, а не и ЕУСтанува збор за авион кој често се користи за превоз на унгарскиот премиер.
Орбан, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија на 1 јули, беше остро критикуван од лидерите на ЕУ за неговата посета на Москва на 5 јули, каде што се сретна со претседателот Владимир Путин во, како што рече унгарскиот премиер, напорите да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Брисел и Украина рекоа дека Орбан не зборува во име на Европската унија или Киев.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Унгарија во мај.