Со дневни температури над 30 степени целзиусови, кои на некои места ќе достигнат и 40 степени, следува период на многу топло време во Северна Македонија, инфомира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има и изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи“, велат од УХМР.
Денеска времето е сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец, со максимална температура од 31 до 38 степени. Во Скопје ќе биде до 37 степени, наведува УХМР.
Видете и ова: Жештините и невремињата не се исти како пред десет години
И Хиррометеролошките заводи во регионот информираат дека следниве денови се очекува топло време со натпросечни температури и повремени локални дождови.
Експертите за клима велат дека поради тоа многу е важно луѓето сериозно да ги сфатат предупредувањата и да не излегуваат во најтоплите часови од денот.
„Мораме да сфатиме дека ова не се исти жештини како пред десет или 20 години, туку се последици на променетата клима“, вели за РСЕ Ивана Воиновиќ – директорка на Центарот за климатски промени на Универзитетот Долна Горица во Црна Гора.
Се предвидува дека низ целиот европски континент температурите ќе се искачат високо над 30 степени, а во многу земји и ќе надминат +40 степени. Најтопло ќе биде во Источна Европа и на Балканскиот Полуостров.
Очекувањата според хидрометрролошките заводи се следнава недела најжешката воздушна маса да се движи од Италија кон Балканскиот полуостров, проширувајќи се на север кон Словачка, Унгарија и Полска. Во делови од Романија, Бугарија и Грција, исто така, се прогнозира температурите да стигнат до 40 степени.
Жешко време веќе зафати и големи делови од Русија, коде се измерени меѓу најтоплите временски услови во последните сто години, со температури над 35 степени Целзиусови. Температурите во Москва го соборија рекордот од 1917 година, објави Ројтерс.
Видете и ова: Топлотниот бран е закана за повеќе од 130 милиони луѓе во САДИ во Соединетите држави (САД) речиси 130 милиони луѓе ширум земјата ќе се соочат со екстремно високи температури во текот на следната недела, по продолжувањето на долготрајниот топлотен бран кој веќе собори рекорди за опасно високи температури, пишува АП.
Според Националната метеоролошка служба, температурите би можеле да достигнат повеќе од 38 степени Целзиусови во делови од северозападниот дел на Тихиот Океан, средно-атлантскиот и североисточниот регион на САД, а во поголемиот дел од западот, температурите најверојатно ќе бидат од 8 до 16 степени Целзиусови над просекот за ова време од годината.
Источниот дел на САД, исто така, се подготвува за уште повисоки температури. Балтимор и другите делови на Мериленд беа под предупредување за горештини, а температурите се очекува да достигнат до 43 целзиусови степени.
Во петокот беше поставен нов рекорд на топлина во долината на смртта во Калифорнија, едно од најжешките места на Земјата, при што температурата достигна 52,8 степени Целзиусови.