Фудбалските репрезентации на Англија и Холандија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Во саботата прво Англија на пенали ја совлада Швајцарија, откако резултатот на крајот од регуларниот дел од натпреварот беше 1:1 (Сака 80' / Емболо 75'), па бидејќи ниту една екипа не постигна гол во продолжението, беа изведувани пенали.
Видете и ова: Шпанија е прв полуфиналист на Европското првенство 2024Благодарение на промашениот пенал на Швајцарците, Англичаните славеа во Дизелдорф Арената, во истоимениот германски град.
Во вториот четвртфинален натпревар на ЕП 2024 Холандија ја победи Турција со резултат 2:1. Иако Турцја поведе во 35 минута со голот на Акајдин, во второто полувреме резултатот го израмни Де Вриј, а шест минути подоцна Мулдур си постигна автогол.
Претходно во полуфиналето се пласираа селекциите на Шпанија и Франција.