Организаторот на верски настан во индиската држава Утар Прадеш, каде пред четири дена загинаа повеќе од 120 луѓе, и се предал на полицијата, пренесе Ројтерс.
Пред предавањето на главниот осомничен Девпракаш Мадукар, се вели дека полицијата понудила награда од 1.200 долари за информации што ќе доведат до негово апсење.
Мадукар е осомничен дека незаконски организирал настан со 250.000 учесници, бидејќи властите издале дозвола за собир на само 80.000 луѓе.
Видете и ова: Затвор за индиски милијардер поради експлоатација на работници во ШвајцаријаНајмалку 121 лице загинаа во стампедо на митинг во селото Могал Гархи минатиот вторник, кога голем број луѓе побрзаа да го допрат проповедникот Бола Баба.
Индиските медиуми објавија дека голем број луѓе, од кои повеќето жени и деца, паднале во отворена канализација во близина на местото на собирот.
Полицијата соопшти дека организаторите на настанот не им пружиле помош на повредените и дека се обиделе да го прикријат инцидентот со криење на облеката и обувките кои луѓето ги изгубиле во стампедото.
Истрагата е во тек додека полицијата трага по Боле Баба.