Бегалците и мигрантите се соочуваат со екстремно насилство, злоупотреба и експлоатација на копнените патишта преку Африка за да стигнат до Медитеранот, при што се верува дека многу повеќе умираат таму отколку на море, се вели во последниот извештај на Обединетите Нации.
„Речиси 30 000 мигранти се прогласени за мртви или исчезнати во обид да го преминат Медитеранот кон Европа во изминатата деценија. Но, може да биде уште полошо за оние кои патуваат низ Африка до брегот“, се вели во извештајот на агенциите на Обединетите Нации за бегалци и мигранти и набљудувачката група Мешан миграциски центар.
Врз основа на повеќе од 31 000 интервјуа со бегалци и мигранти, извештајот покажал дека 1180 луѓе загинале додека ја преминувале пустината Сахара во периодот помеѓу јануари 2020 и мај 2024 година.
„По пет смртни случаи дневно се евидентираат на пустинските правци, со што вкупниот број досега достигна најмалку 870“, рече Лоренс Харт од Меѓународната организација за миграција на ОН за новинарите во Женева.
Но, се верува дека овие бројки се огромно потценување.
Иако недостасуваат податоци, во извештајот се наведува дека очигледно има илјадници смртни случаи секоја година.
„Се претпоставува дека смртните случаи на бегалци и мигранти во пустината се двојно поголеми од оние што се случуваат на море“, се вели во соопштението.
Видете и ова: ИОМ:2023 е најсмртоносна за мигрантите, загинаа повеќе од 8.500 луѓе„За секој што ја преминува Сахара, добивате сведоштво за телата кои се гледаат и фрлаат“, изјави Винсент Кошетел, специјален пратеник на УНХЦР за централен и западен Медитеран.
Оние кои се во движење се соочуваат со тортура, киднапирање за откуп, трговија со луѓе, сексуално насилство, грабеж, произволно притворање и колективно протерување, се вели меѓудругото во извештајот.
Мигрантите кои ја минуваат пустината често се наоѓаат таму напуштени од шверцери на луѓе, додека оние што се разболуваат понекогаш ги фрлаат од камиони.
Видете и ова: Потрага по надеж: Искуства на бегалците и мигрантите„Без соодветни структури за помош или соодветни системи за пребарување и спасување на патот, тие се речиси предодредени да умрат“, се предупредува во извештајот.
И покрај „незамисливите ужаси со кои се соочуваат луѓето во некои земји долж рутата“, извештајот го истакна зголемувањето на бројот на луѓе кои се обидуваат да преминат на опасните копнени премини.
Ова делумно се должи на влошените ситуации во нивните татковини, се вели во извештајот, посочувајќи на ерупцијата на конфликти низ регионот Сахел и во Судан, и новото и долгогодишно насилство на истокот од афричкиот континент. Покрај тоа од ОН наведуваат дека разорното влијание на климатските промени и катастрофи, како и ксенофобијата и расизмот ги поттикнал бегалците и мигрантите да заминат.